Skip to main content

Здравствен дом д-р Светозар Чочороски

Вевчани доби Офталмолошка амбуланта

Во здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ започна со работа очниот оддел кој е комплетно опремен, а има и лекар специјалист офталмолог. Пациентите во регионот од Велешта до Дебар нема веќе да патуваат до Струга и Охрид за офталмолошки прегледи.
 |  инфодеск  | 
Офтолмолошка амбуланта Вевчани

Во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани започна со работа и Офталмолошка амбуланта. Доктор Владо Спировски е лекарот кој во април специјализираше офталмологија.

Адаптирани се соодветни простории, набавена е и потребната медицинска опрема. Пациентите во регионот од Велешта до Дебар нема веќе да патуваат до Струга за офталмолошки прегледи.

Во нашата амбуланта ќе се вршат прегледи на видот одредување на рефракција, диоптрија. Ќе се врши дијагностика на заболувања на предниот дел на окото, ќе се вршат прегледи во смисла на дијагностика и терапија на глауком и во дијагностика на заболувања на задниот сегмент на окото – вели д-р Спироски.

Офтолмолошка амбуланта Вевчани

Амбулантата, која е дел од јавното здравство и покрива околу 30 000 пациенти е комплетно опремена. Има ленсометар, сет на стакла, сет за корекција, тонометар, рефрактометар, офталмоскоп и шпалт лампа. Со нејзиното отворање стануваат подостапни и поквалитетени медицински услуги за пациентите.

Се чувствуваше потреба од повеќе специјалистички дејности, да се прошират дејностите и услугите, да се понуди повеќе во смисла на одржување на здравјето на луѓето. Каде патуваа пациентите? Струга и Охрид одеа за преглед. Сега прегледите ќе се вршат кај нас – додава Спировски.

Офтолмолошка амбуланта Вевчани

Здравствениот дом во Вевчани функционира како поликлиника, централата е во Вевчани, но има и две поликлиники во Лабуништа и Велешта. Покрај Итна мецинска помош, има развиена биохемиска лабараторија, рентген дијагностика со мамографија, интернистичка служба, кардиологија, оториноларингологија, ургентна медицина и педијатар. Пред еден месец беше отворен и кабинет за физикална терапија.

Новинар : Соња Рилковска