Општина Вевчани се посветува на подобрување на управувањето со отпад и заштита на животната средина.
-Со усвоениот Локален акциски план за управување со отпад, општината има цел да го намали количеството на отпадот и да ги подобри перформансите на јавното комунално претпријатие во собирањето на отпад. Ќе воспоставиме систем за селекција на отпадот, што ќе намали депонирањето на отпадот од општината до регионалната депонија. Исто така, ќе преземеме мерки за подигнување на свеста кај граѓаните за одржливото управување со отпад, вклучувајќи едукативни кампањи и активности за рециклирање, информира градоначалникот Спасе Кочоски.
Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.
Планот е достапен на следниот линк.