Skip to main content

Василичарски карневал

Вевчани низ сатира ја пренесува критиката

Карневалската традиција во Вевчани и годинава продолжува со многу хумор и сатира низ маските кои се уште автентично ја пренесуваат критиката кон општествено политичките случувања од изминатата година. Традиционалниот маскембал е надополнет со културно-забавна програма која започнува на 12 јануари со македонските поп рок легенди. Годинешното издание необременето со ковид протоколи се очекува да го посетат голем број луѓе од регионот.
 |  инфодеск  | 
Вевчански карневал 2023

Вековниот карневал во Вевчани и годинава ќе биде традиционален медиум и општествен коректор, надополнет со забава. Познатото дефиле на маски низ улиците на Вевчани започнува на 13 јануари придружено со игри и песни, а зетот и невестата празнично ја посетуваат секоја куќа во Вевчани и завршува во вечерните часови со полнење вода од Вевчанските извори. Дефилето со несмалено темпо продолжува во раните утрински часови на 14 јануари посетувајќи го домот на секој човек со име Васил. Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските кои се уште автентично ја пренесуваат критиката кон општествено-политичките случувањата од изминатата година вели Спасе Кочовски градоначалникот на Вевчани.

Вевчанскиот карневал е медиум во недостаток тогашен на радио телевизија и интернет, Вевчанскиот карневал е медиум. Тој и пренесува на Власта на владетелот дека нешто не чини. Тој е коректор на власта. Во Вевчанскиот карневал има многу хумор сатира и по многу нешта е единствен во Македонија и Европа и светот и ги има задржано карактеристиките од самиот почеток“, потенцира Спасе Кочовски.

Повеќе од 16 години Карневалот покрај традиционалниот маскебал е надополнет со културно-забавна програма која започнува на 12 јануари поделена на забавна и народна содржина. Акцентот е на македонски изведувачи, а манифестацијата ќе ја отворат македонските поп-рок легенди.

„Манифестацијата ќе започне со легендарните Венко Серафимов и со Сашо Гигов Гиш потоа доаѓаат Ласт Експедишн па Брука, ДНК па Студени нозе, значи ќе има добра забава на 12ти јануари, на 13 ќе бидат Баклава ќе биде Нино Величковски ќе бидат Некст Тајм. Очекуваме потврда и од Здравко Чолиќ да биде гостин на Вевчанскиот карневал.“, кажа Александар Коневски, дел од организацијата.

Ова е второ карневалско издание кое ќе се реализира без поддршка од Министерството за култура, посочуваат организаторите. Ослободени од ковид протоколи годинава се очекува 15 вековната традиција под маски да ја посетат повеќе илјадници граѓани од државава и регионот.