Вевчани се подготвува за туристичката сезона
Вевчани се подготвува за туристичката сезона. За продолжените празнични викенди кои се сметаат за репер за летната сезона општината ја посетиле голем број туристи.
Најпосетени туристички атракции се излетничките места. Тука е прекрасната планинска природа Јанков Камен, манастирот Свети Спас, Летничките езера и надалеку прочуените Вевчански извори. Живописната Јабланица плени со алтернативен туризам. Пешачки и велосипедски патеки и голем број етно ресторани ја сочинуваат гастрономската понуда.
„Во моментов поважни проекти кои се е уредувње на неколку локални улици низ Вевчани и партерно уредување на Мултикултурниот центар. И тековно уредување на јавните површини, се подготвуваме за туристичката сезона, која можам да кажам дека веќе е почната. Имавме доста гости за продолжените викенди за Велигден и Први Мај. Вевчани беше слободно може да речам преполно, не само со гости од Македонија, туку и од странство, претежно од Србија”, – вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.
Оштината ги исчисти и уреди пешачките рекреативни патеки, а се реконструираат и мостовите на Вевчанските извори.
„Излетничкото место Јанков камен е спремно, исчистено, уредено Изворите моментално ги реновираме мостовите на Вевчанските извори. Ќе продолжиме со активност за одржување на Вевчани чисто”, – додава Кочоски.
Пред сезона комуналното претрпијатие „Еремија” ги расчисти сите диви депонии во околината на Вевчани, градоначалникот апелира за поголема грижа за животната средина.
„Тоа беа депонии околу Вевчанскта река и уште еднаш сакам да им укажам на вевчанци дека тие диви депонии сами ги создаваме, а не некој од надвор. Мора тоа да престане тоа, Вевчани едовно го собира ѓубрето и ко бевме месна заедница Вевчани беше чисто. Еден апел да го одржиме Вевчани чисто, претежно околу Вевчанските извори, вевчанската река”, – додава Кочоски.
Над Вевчанските извори изградена е и првата Виа ферата во земјава, безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала, за привлекување на авантуристи.
Новинар Соња Рилковска