Skip to main content

Општина Вевчани

Во Вевчани се пробиваат патишта и се уредуваат јавните површини

ЈП Еремија – Вевчани во изминативе денови со засилени активности за одржување на јавната чистота и зеленило.
 |  инфодеск  | 
Вевчани

Во општина Вевчани во тек е пробивање на патишта до земјоделските површини. Градежните активности се одвиваат на тешки терени.

-„Се одвиваат градежни активности околу пробивање, чистење и тампонирање на пристапен пат до земјоделското земјиште во м.в. Средни пат. Теренот е тежок, но изнаоѓаме решенија“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.

Во тек се градежни работи за реконструкција на помошниот објект на туристичкиот центар во Вевчани.

A ЈП Еремија изминативе денови со засилени активности за одржување на јавната чистота. Се уредуваа зелените површини по Кеј на Вевчанска Река, Вевчански Извори, и главни улици низ Вевчани. Се чистат тротоарите и површини покрај коловозот на Регионален пат Суво поле -Вевчани, Вевчани – Октиси.

Се врши расчистување и ископ на канал за наводнување и чистење депонија создадена од несовесни граѓани – еколошки проблем кој тешко се надминува и дава лош изглед, информира градоначалникот Кочоски.