Преку инсталација на фотоволтаичен систем на прочистителната станица за отпадни води, Општина Вевчани имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија, што придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина. Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен Балкан кои реализираа иницијативи за енергетика, транспорт и климатски промени во рамки на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“.
„Секој проект кој придонесува за заштита на животната средина има огромно значење за нас како општина. Поставувањето фотоволтаичен систем на прочистителната станица е особено важно затоа што претставува континуитет на нашите напори да ја подобриме енергетската ефикасност на јавните објекти, но и да го зголемиме нивото на искористеност на обновливите извори на енергија“, изјави Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани.
Фотоволтаичната централа е со инсталирана моќност од 19,8 киловати и се очекува на годишно ниво да произведува помеѓу 20 и 25 MWh електрична енергија. Од аспект на заштита на животната средина, проектот ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата.
Погледнете го интевјуто со градоначалникот на Општина Вевчани – Спасе Кочоски на следното видео: