Skip to main content

Денес сатира под отворено небо на Вевчанскиот карневал, продолжува вековната традиција

Под падините на Јабланица карневалска магија, не замира 15 годишната традиција.
 |  инфодеск  | 
Вевчански карневал

Вевчански карневал е 15 годишна традиција која не замира.  Карневалот и годинава ќе биде слика и прилика на се она што се случувало во општествено- политичкиот живот претходната година во Македонија, па и во Европа. Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала ќе ги прикажат настаните на еден специфичен начин преку карневалските маски кои тие ги креираат.

По централното дефиле василичарите ги посетуваат вевчанските домови, ја светат водата на вевчанските извори и го вртат кашаникот со паричката. Инаку, вечерва Новата година според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со спектакуларен огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“ и Перо Бели и групата „Вип“.

Вчера вевчанци и посетителите имаа можност да уживаат во настапите на „Пука козметика“, Влатко Лозаноски и „Брас брадрс“.