Skip to main content

општина вевчани

Викендов изложба на олдтајмери во Вевчани

Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.
 |  инфодеск  | 

Викендов на 20 и 21 септември во Вевчани ќе се одржи „ВМ Класик рели- запад“, рели со историски возила (олдтајмери) организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик. Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.

Како дел од овој настан на 20 септември (сабота) со почеток во 16:00 часот во спортското двориште ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери).

Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, апелира граѓаните на општината тој ден да се воздржат од паркирање на своите возила во спортското двориште.