Високи очекувања
Во Струга за новогодишните празници се очекуваат многу гости.
| Колоска Биљана | Струга
хотел Дрим
За разлика од лани, годинава бројот на посетители за новогодипните празници не е значително намален. Угостителите и кафулињата веќе ги нудат своите аранжмани.
Ниту свинскиот грип ниту пак рецесијата ќе ги убеди граѓаните новата година да ја дочекаат дома. Бројот на резервации по хотелите или пак кафулињата во Струга вообичаено е голем. Мора да признаеме дека овие два фактори влијаат врз нашата работа, велат од хотел Дрим. За разлика од минатата година, оваа се чувствува намалениот бројот на побарувачка на аранжманите, но ние тоа го надополнуваме со нови пазари, велат од таму.
Деновиве хотелиерите интензивно веќе го подготвуваат концептот за највеселата ноќ во годината.
Висината на надоместокот за дочек на новата година, зависи од категоријата на објектот, менито на новогодишната трпеза, бројот на пијалоците и забавниот дел. Цените вообичаено се движат од 2 илјади до 12 илјади денари. Прифатливи понуди нудат и дискотеките и кафулињата во Струга, ветувајќи добра новогодипна забава.
За време на новогодишните празници во Струга се очекуваат бројни гости од државава но и од соседните земји. Стандардно, градот ќе го посетат туристи од Албанија, Србија, Косово и мал дел се очекува од другите држави.

{loadposition content9}