Skip to main content

Висока цена за договор

3 000 евра глоба за ЈП Комунално – Струга и 2 000 за Центарот за нефрологија од Струга.

 |  Николоска Биљана  | 
spric
шприц

Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира. Согласно дојавата на канцаларијата од Охрид, директорот на државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемет, презеде соодветни законски мерки.
medicinski otpad„Овој отпад е одложен од страна на ЈП Комунално Струга, и согласно законските прописи поднесени се соодветни барање за поведување на кривична постапка и за двата субјекти и за одделот за дијализа и за ЈП Комунално Струга. Зошто за дијализа? Одделот за дијализа должен е да склучи договор со субјект кој има добиено дозвола за третман или складирање на медицински отпад а не со ЈП кое е од областа за комуналните дејности меѓутоа не и за опасниот поточно за мед отпад. Додека Јавното комунално претпријатие од Струга не смее да прими медицински отпад и од тие причини е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка против двата субкекти……03:07 субјекти“, истакна Мемет.
Очигледно договорот со струшкото комунално претпријатие, на директорот на Заводот за нефрологија, скапо го чини. Од државниот инспекторат велат дека Законот е јасен и нема отстапувања, посебно кога се работи за опасниот медицински отпад. Мемет категоричен:
ziteli na deponija„Директорот склучува договор со јавното комунално претпријатие, меѓутоа тој договор се однесува на комунален отпад а не за медицински отпад. Така да нема оправдување и директорот неможе да биде амнестиран во никој случај тој мора да знае кај завршува отпадот од дијализата кај што се врши таа дејност. Задолжително директорот мора да склучи договор со субјект кој има дозвола за вршење на дејност од областа. Значи тој отпад ќе се носи некаде на чување на депонирање или на третирање односно уништување, тој мора да знае каде завршува има посебни обрасци потпишано и нема амнестија за директорот во ваков случај“.
Од канцаларијата на државниот инспекторат за животна средина од Охрид, најавуваат спроведување на контроли на сите здравствени установи на Охридско – струшкиот регион во делот на одлагање на медицинскиот отпад. Па затоа доктори добро отворете ги очите со кого потпишувате договор, казните се високи но и заканата од инфекција поради несоодветно одлагање на медицински отпад, може скапо да чини.

{loadposition content9}