Skip to main content

Др Владо Кочоски кандидат за градоначалник на Струга

Др Владо Кочоски е кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, кој влегува во трката за градоначалник на Струга, на престојните Локлани избори. Оваа одлука падна доцна синоќа на седницата на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 
vlado
владо

Доцна синоќа на седницата на Извршен Комитет, високото партиско раководство на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ. пресече. Нивниот избор за кандидат на градоначалник за Струга падна на др Владо Кочоски, истакнат хирург вработен во Струшката Општа болница.  На само еден ден пред истекот на законски предвидениот рок за предлагање кандидат за градоначалник, Кочоски очекувал дека изборот ќе падне на него. Додаде дека  има време за се и подготвен е да се справи со предизвикот кој стои пред него. Време е на Струга да и се врати некогашниот сјај, вели Кочоски.

vlado„За жал многу убаво место, кое што во последно време е замрено и воопшто не се води грижа за него, последниве триесеттина години нема никаква инвестиција ниту во туризам ниту во инфраструктура ниту во стопанство, примарно тука ќе биде мојата заложба за да почне да се вложува во стопанството, во туризмот, спортот и да го вратиме некогашниот изглед на Струга, да заличи на едно убаво гратче“.

Др Кочоски очекува поддршка од стружани без оглед на партиска, национална и верска определба. Според него најважно  е да се работи за доброто на неговите сограѓани.

„Се надевам на голема поддршка и самото име градоначалник значи дека ќе бидеш градоначалник за сите не само за една опција“-вели Кочоски.

Програмската платформа на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Струга 95% веќе била изготвена, останале само 5 % за доработка. Др Кочоски засега е единствен Македонец кандидат за Струга и неизвесно е дали така и ќе остане. Инаку носител на советничката листа е Никола Затуроски, актуелен советник на струшкиот Совет, втор на листата е претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга Перо Петкоски, па Јулијана Зуноска, Мирче Аџиески, Славко Скрчески, Трајче Димоски.

{loadposition content9}