Skip to main content

Во Албанија се патува и со стари лични карти

Во Р. Албанија денес може да се патува и со стари документи. Полициските службеници ги пропуштаа патниците со стари лични карти , возачаки дозволи и без налепниците НМК. На првиот ден откако престанаа да важат старите патни исправи на граничниот премин Ќафасан има благ пораст на патници и возила.
 |  инфодеск  | 

На првиот ден откако престанаа да важат патните исправи со старото име на државата,, благ пораст на бројот на патници и возила на граничниот премин Ќафасан. На  македонско албанската граница, граѓани кои немаат пасоши со  Северна Македонија   денес не можат  да излезат  од државата. Но со личните карти кои  имаат продолжена важност во земјава, и денес може да се влезе во соседна Албанија,  земја со која имаме билатерален договор за патување со лична карта.  Албанските полициски службеници не бараа ниту нова возачна дозвола, ниту  НMК налепници.

Според статистиката на полицијата  од полноќ  до 10ч  утрово на Ќафасан  излез и и влез остварија  вкупно 837 патници.

„Сообраќајот на патници и возила бележи благо зголемување во споредба со вчерашниот ден. Се одвива нормално, непречено без проблеми. Конкретно денеска од 00 до 10ч регистирани се 62 наши државјани на влез на Р СМ и 441 странски државјани или вкупно на влез од 503 патници. На излез на РСМ регистрирнаи се 147 наши државјани и 187 странски државјани или вкупно 334 патници”, изјава Мерлина Зиба портпарол на СВР Охрид.

Не се знае до кога во Република Албанија ќе може да се патува со старите документи.

Повеќето македонски државјани кои денес ги затекнавме на граничниот премин  имаа нови  патни и лични документи.

Новинар Соња Рилковска