Skip to main content

Во Дебрца се одбележува Детската недела

Под мотото „Сите заедно до подобро утре“, од 5-ти до 9-ти октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската Недела.

 |  Голабовски Крсте  | 
sredba

sredbaПод мотото „Сите заедно до подобро утре“, од 5-ти до 9-ти октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската Недела.

По тој повод во посета на локалната самоуправа во општина Дебрца беа ученици од прво до петто одделение заедно со нивните наставници. При посетата учениците накратко се запознаа со работата на Градоначалникот и како оваа институција се грижи за заштита на правата на детето.

Оваа недела во училиштето во општината Дебрца ќе се дискутира за правата на децата со цел истите да се поттикнат самоиницијативно да размислуваат за своите права.