Во понеделник на „Парумба“
Најстарото име на Г. Белица било Динабела, што значи убавината е горе. Со ова се поврзува и одбележувањето на христијанскиот празник „Духови“.
Горна Белица
Најстарото име на Г. Белица било Динабела, што значи убавината е горе. Со ова се поврзува и одбележувањето на христијанскиот празник „Духови“. Имено мештаните на ова село со нетрпение го очекуваат овој ден, кој годинава се паѓа во понеделиник на 24 мај. Тие кажаа дека тогаш се посетува црквата Св. Троица која се наоѓа на планината Чума на 1857 надморска височина. Имено мештаните на селото во раните утрински часови тргнувале накај црквата со цел да стигнат пред изгрејсонце. Таму ги изведувале традиционалните христијански обичаи по повод денот и заеднички ручале. Посетеноста за овој ден била голема околу 100 лица. Многу од жените оделе таму заради верувањето дека водата е лековита. Од овој ден селаните ги отворале бачилата, а со тоа започнувала сезоната на овчарите. До тој ден овците не се пуштале горе во планината.
{loadposition content9}
{loadposition content9}