Речиси секојдневно во полициските извештаи се регистрираат случаи на семејно насилство, каде најчеста жртва е жената.
Причини за фемицид со физичко и емоционално насилство се социјалниот статус, алкохолизмот, хазардните игри и наркотици.
Според социолозите, карактеристично е што жртвите пријавуваат, но ги повлекуваат пријавите, а брачната заедница продолжува.
„Сите овие случаи немаат судски епилог, од причина што жртвите не сакаат да се поведе судска постапка од страна на Центарот за социјални работи Струга до Основниот суд, со цел да се изречат мерки на заштита од семејно насилство, ниту сакаат да го раскинат бракот. Причина за ваквата состојба е слабата материјална и станбена состојба на жртвите “, вели Мевмед Халили директор на Центарот за социјални работи во Струга.
Центарот за социјални работи спроведува кампањи со цел охрабрување на жените жртви да бараат помош.
„Министерството за труд и социјална политика континуирано спорведува кампањи за подигнување на свеста на насилство. Воедно се зајакнуваат капацитетите на вработените во центрите за социјална работа со цел се поголемо поттикнување на жените да пријавуваат насилство “, додава Халили.
Во Струга, општина со околу 60 000 жители во периодот од 2010 до 2022 имало 62 разводи.
Социолозите велат жените и натаму живеат со насилникот, не бараат заштита, а главна причина е слабата економска состојба на жртвите.
Новинар Соња Рилковска