На 08.12.2022 во 07:20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61) од Струга и „опел“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.М.(44) од Охрид.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.Т.(43) од Охрид, сопатничка во возилото „опел“, додека со телесни повреди се здобила, исто така, сопатничката од возилото „опел“ К.Б.Р.(43) од Охрид, констатирани во болницата Св.Еразмо“ во Охрид – информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.