Во Струга Чесниот крст го фати Никола Кутаноски
Во соседна Струга пак, Чесниот крст го фати Никола Кутаноски. Тој беше најсреќниот меѓу стотиците капачи кои денес околу 11 часот скокаа по крстот во реката Црн Дрим, по завршувањето на чинот на осветувањето на водата. Ова е негов десетти обид да го фати чесниот крст. Од црквата како и годинашните кумови браќата Тoмче и Стефчо Голабоски, триесет и пет годишниот тренер по пливање и триатлон си доби пригодни подароци.
Никола Кутаноски, триесет и пет годишен тренер по пливање и триатлон од Радожда, кој петнаесет години живее во Струга, синоќа сонувал дека шета со светиот крст и дел од собраните средства ги донира за изградба на црквата кај Женска плажа. Токму тоа била и причината што по 10- ти пат скокнал по крстот во студениот Дрим.
Скокам десетти пат по крстот. Секоја година од исто место и иста страна. Прв пат го фаќам. Чуството е неописливо. Ноќеска сонував дека годинава ќе шетам со крстот и дел од собраните пари ги донирам за изградба на црквата кај Женска плажа во Струга. Со таа цел дојдов и со таа цел скокав – изјави Кутаноски.
На најсреќниот кој го извади чесниот крст од водите на Црн Дрим, Црквата, годинашните кумови браќата Тoмче и Стефчо Голабоски и голем број верници го даруваа со пригодни подароци.