Сообраќајни мерки
Во Струга казнети 8 возачи за недозволено престигнување
Поднесени платни налози за 8 возачи во Струга, кои извршиле престигнување на непрегледни и места каде со сообраќаен знак тоа е забрането.
На 16.01.2023 година од 07 до 11 часот, преземени се сообраќајни мерки на подрачјето на Струга.
Притоа, полициските службеници затекнале 8 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на непрегледни и на места каде престигнувањето со сообраќаен знак е забрането. Против нив поднесени се соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.


