На 13.08.2024 во 17.15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во хотел во Струга е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 27 годишно лице врз 53 годишно лице од Струга. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.08.2024 во продажен објект во Струга, при извршување на кривично дело „кражба” била затекната 54 годишна стружанка. Одземените производи се вратени на одговорното лице во објектот, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.