Skip to main content

Во Струга туристички водич нема ни за лек

Од 4 евидентирани само еден е ангажиран и тоа само повремено. Експертите предупредуваат, Струга вака не развива туризам.

 |  Билјана Колоска  | 
биста

Од 4 евидентирани само еден е ангажиран и тоа само повремено. Експертите предупредуваат, Струга вака не развива туризам.

Струга нема туристички водичи. Додека во Охрид има голем голем број такви лица, легални и не легални, во Струга нема. Досега до Агенцијата за развој на туризмот се евидентирани само 4 туристички водичи од Струга. Од нив, ТВм дознава дека оваа функција во моментов  ја врши само еден, и тоа ретко кога е ангажиран.
Струга има голем потенцијал и актрактивности кои туристите можат да ги видат. Пожелно би било на организираните групи  детално да им ја пренесе историјата за културните и историските богатства на стршкиот регион, туристички водич од градот, велат тие. Тоа е неопходно бидејќи во  неколку наврати сум бил сведок како на значајни места за Струга им се наметнува бугарска историја, кажува туристичкиот водич. Тоа се должи на фактот што  ние многу малку сме ангажирани во организирано водење на туристички групи низ градот и регионот. Во Струга доаѓаат водичи од други градови или држави, вели нашиот соговорник. Од агенцијата за развој на туризмот појаснуваат дека секој не може да биде туристички водич.
спомен куќаОд општина Струга пак  воопшто не знаат дека во градот имало туристички водичи. Иако тоа не е во наша надлежнмост или обврска на водичите да се регистрираат кај нас,  сепак добро намерно би било истите да се пријават и во Локалната самоуправа, вели секретарот. Доколу знаеме дека има туристички водичи во Струга, тогаш општината би ги користела нивните услуги, додава секретарот.
„Апелираме до сите граѓани кои се стекнати со такво право, да се пријават во општината. Така, ќе ги знаеме истите и ќе бидеме во контакт со нив“-вели секретарот Зоран Гулицоски.

Ексертите велат дека поразителен е фактот што Струга речиси  и да нема туристички водич. Додаваат дека тоа е една од основните компоненти за развивање туризам. Доволна причина надлежните да се заинтересираат за решавање на овој проблем.

{loadposition content9}