Skip to main content

Во струшкиот Совет седнаа новите 27 градски избраници

 

27 советници се дел од новоизбраниот струшки совет. Денес од страна на Општинската изборна комисија и официјално им беа врачени уверенијата за утврдување на мандатот на советниците.

 |  Николоска Биљана  | 

Во струшкиот Совет седнаа новите 27 градски избраници. Денес и официјално им беа врачени уверенијата за утврдување на мандатот од страна на Општинската изборна Комисија. Претседателот Блерим Зиба истакна дека се протекло во најдобар ред на еден демократски и цивилизациски начин, што било и очекувано.

Очекуваме овој Совет да работи за доброто на граѓаните, очекуваме дека ќе ги исполнат ветувањата за време на кампањата“

Во новата постава на советници во струшкиот совет, поголем дел од градските избраници се нови ликови, исправени на патот да ги остварат ветувањата кои што ги дале пред нивните сограѓани, секако во интерес на развојот на општина Струга.

Како советничка група ќе се залагаме одлуките да се носат во рамките на надлежностите на општината и секогаш ќе инсистираме да се носат одлуки во интерес на сите граѓани на општина Струга. Тоа ќе бидат нашите зложби, секако сите одлуки, предлози, иницијативи да бидат во согласност со постоечките законски прописи и Уставот на РМ – вели Николона Велкоска Глигороска советничката на СДСМ
„Очекувањата наши се многу се надевам дека во иднина ќе работиме во интерес на граѓаните на општина Струга и тоа ние сме го докажале во нашата кампања која траеше месец дена и се надевам дека сите тие ќе се реализираат во текот на 4 годишниот мандат што не очекува“ – истакна Ресул Каба советникот на ДУИ.

На првата официјална средба на струшките советници, беше промовиран и водичот за работа на советот на општина Струга, кој го изготви Центарот на заедницата на општина Струга. Целта е новоизбраните советници на полесен и подостапен начин да се запознаат и информираат со надлежностите на општината, права и одговорности кои тие ги имаат, како и можностите и предизвиците со кои ќе се соочуваат во својот четири годишен мандат, истакна Катерина Талевска Скепароска, проектниот координатор.

Најпрвин им честитаме на новоизбраните советници за мандатот што го добија. За таа цел од страна на Центарот на заедницата на општина Струга беше подготвен водич за работата на советот на општина Струга кој што за почеток ќе им помогне да видат кои се нивните надлежности како советници, што ќе биде понатаму конституирање ан првата седница, начинот на гласање, бројот на членови на советот на општина Струга, овој водич е направен да им помогне на советниците да ја увидат нивната функција која е“

За подготовка на водичот за работата на советот на општина Струга биле консултирани експерти, вели Скепароска.