Skip to main content

Центар за социјални работи

Во струшко се премолчува семејното насилство

Досега ниту една жртва од струшко не е сместена во регионалниот шелтер центар за заштита во Охрид. Центарот за социјални работи Струга спроведува кампања за родово базирано насилство со цел охрабрување на жените жртви да бараат помош.
 |  инфодеск  | 
Црн Дрим Струга

Семејното насилство во струшко се премолчува. Во регион со над шеесеттина илјади жители просечно годишно има само по десетина пријави на семејно насилство. Жртвите молчат, а причина за тоа според социолозите се традициите кај населението, подреденоста и статусот на жената во семејството. Карактеристично е и тоа што брачната заедница не се прекинува.

Семејното насилство во Струга е присутно и во околните места, но за жал во Центарот во Струга бројот на пријави е намален. Најчесто жртва е жената, а причините се економско социјални, алкохолизмот и други – вели Мевмед Халили, директор на Центарот за социјални работи во Струга.

Семејно насилство

Центарот за социјални работи спроведува кампања за родово базирано насилство со цел охрабрување на жените жртви да бараат помош.

Моментално е во тек кампањата „Со тебе сме – заедно против насилството на жените и девојчињата“. Како институција ја промовираме родовата еднаквост и елимирањето на стереотипите за родовите улоги базирани на култура, обичаи, верата, традицијата и други практики – додава Халили.

Социолозите велат жените во регионот трпат и натаму живеат со насилникот, не бараат заштита. Причина е слабата економска состојба на жртвите, но и потчинетоста и стравот.

Ниту една жена жртва од струшко досега не користела услуги на регионалниот шелтер центар за заштита во Охрид.

Новинар : Соња Рилковска