Во туристичко Вевчани недостигаат сместувачки капацитети
Вевчани се поатрактивна туристичка дестинација. Расте бројот на туристи, а со тоа и потребата од поголем број сместувачки капацитети. Општината го работи Генералниот урбанистички план во кои предвидвидува повеќе локации за изградба на хотели, а веќе има заинтересирани домашни и странски инвеститори.
„Во процес сме на донесување на генералниот урбанистички план каде што се предвидени хотели. Нормално тоа зависи од инвеститорите од приватните инвеститори. Има заинтересирани инвеститори не само за сместувачки капацитети имаме заинтересирани и за лесна незагадлива индустрија“, вели Спасе Кочоски.
Во Вевчани има голем број угостителски објекти, но за гостите да може да се задржат на повеќе денови недостигаат сместувачки капацитети.
„Фалат сместувачки капацитети. Така што во одредени периоди, летно време или за време на карневалот сместувачките капацитети се мали за да ги примат сите гости’, вели Жарко Мурџески угостител од Вевчани.
Во Вевчани најбројни оваа сезона се гостите од Холандија и Полска, но и домашните туристи.
„Изворите, рестораните, местата за одмор, делови од историјата и традицијата. Она што не се запознаени преку интернет прашуваат за детали за живеењето на Вевчани низ историјата“, вели Александра Велкоска туризмолог од Вевчани.
Вевчани стана првата зелена дестинација во земјава и активно работи на одржлив туризам. Во општината нема ниту еден хотел, има само неколку вили, етно куќи и апартмани.
Новинар Соња Рилковска