Skip to main content

Рурален туризам

Во туристичко Вевчани недостигаат сместувачки капацитети

Расте бројот на туристи во општина Вевчани, а со тоа и потребата од сместувачки капацитети. Општината во генералниот урбанистички план предвидува изградба на неколку хотелски капацитети, а веќе имало и заинтересирани домашни и странски инвеститори. Во Вевчани оваа сезона најбројни се гостите од Холандија и Полска, но и домашните туристи.
 |  инфодеск  | 
Вевчани Би би си

Вевчани се поатрактивна  туристичка  дестинација. Расте бројот на туристи,  а со тоа и потребата од поголем број сместувачки капацитети. Општината го работи Генералниот урбанистички план во кои  предвидвидува повеќе локации за изградба на хотели, а веќе има заинтересирани  домашни и странски инвеститори.

„Во процес сме на донесување на генералниот урбанистички план каде што се предвидени хотели. Нормално тоа зависи од инвеститорите од приватните инвеститори. Има заинтересирани инвеститори не само за сместувачки капацитети имаме заинтересирани и за лесна незагадлива индустрија“, вели Спасе Кочоски.

Во Вевчани има голем број угостителски објекти, но за гостите да може да се задржат на повеќе денови недостигаат сместувачки капацитети.

„Фалат сместувачки капацитети. Така што во одредени периоди, летно време  или за време на карневалот сместувачките капацитети се мали за да ги примат сите гости’,  вели Жарко Мурџески угостител од Вевчани.

Вевчански извори

Во Вевчани најбројни оваа сезона се гостите од Холандија и  Полска, но  и домашните туристи.

„Изворите, рестораните, местата за одмор, делови од историјата и традицијата. Она што не се запознаени преку интернет прашуваат за детали за живеењето на Вевчани низ историјата“, вели Александра Велкоска туризмолог од Вевчани.

Вевчани стана првата зелена дестинација во земјава и активно работи на одржлив туризам. Во општината нема ниту еден хотел, има само неколку вили, етно куќи и апартмани. 

Новинар Соња Рилковска