Skip to main content

Туристичка атракција

Во Вевчани работи последната воденица

Од 30 во минатото, во Вевчани работи последната воденица. Работата на воденичарите ја презедоа модерните мелници, а се помалку жителите во селата садат жито и пченка.
 |  инфодеск  | 
Воденица Вевчани

Воденичарството во изумирање. Во минатото имало 30, денес во Вевчани се слуша вртежот на старите воденички камаења на последната воденица.

Вевчани било познато во целата околина, жителите од регионот доаѓале тука да мелат жито.

Воденица Вевчани

Последната воденица која работи на Вевчанските извори е стара 150 години, денес меле и произведува пченкарно брашно, раскажува сопственичката на воденицата, 90-годишната Душанка Русеска од Вевчани.

Воденицата постоела уште во турско време затоа што Македонија тогаш била под Турците. Свекрва ми ја наследи од мајка и и татко и кој бил комита – вели Душанка Русеска, сопственик на воденицата.

Воденица Вевчани

Водениците во минатото биле главна економска гранка, а воденичарството основниот занает во Вевчани. Работата на воденичарите ја презедоа модерните мелници, а се помалку жителите во селата садат жито и пченка.

Кога ќе донесат од другите села Мешеишта овде нема пченка посеано. Народот не работи се е скапо прскање, орење, влечење и полето остана. Само неколку лозја се работаат – вели Русеска.

Воденица Вевчани

Последната воденица на изворите во Вевчани е туристичка атракција.

Воденица Вевчани

Новинар : Соња Рилковска