Skip to main content

Во вторникот се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на Музичкото училиште од Струга

Во вторникот, во прекрасниот амбиент и преисполнетиот со публика простор на Хотелот Дрим се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на кој настапи камерниот оркестар на Државно музичко училиште од Струга под диригентската палка на инспиративниот маестро Алтин Зиба.
 |  инфодеск  | 

Во вторникот, во прекрасниот амбиент и преисполнетиот со публика простор на Хотелот Дрим се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на кој настапи камерниот оркестар на Државно музичко училиште од Струга под диригентската палка на инспиративниот маестро Алтин Зиба, и солистите: Марија Дузлеска на флејта од класата на проф. Светлана Богдановска – Ристевски, Емилија Лушеска на виолина од класта на проф. Милена Крстевска, Христо Дејкоски на виолина од класата на проф. Тони Арслан, Андреј Наумоски на виолина од класата на проф. Милена Крстевска и Лина Николоска на виолина од класата на проф. Тони Арслан, како и солистите Едона Далипи од класата по соло пеење на проф. Едлира Арифи, Атанас Неделкоски и Величе Затуроски од класата по пијано на проф. Емилија Маринова, Девид Малик, Николај Петкоски и Владимир Србиноски од класата по пијано на проф. Бруно Цома. Музичките аранжманите ги направија професорите Биљана Николоска и Димитри Кумбароски, додека пијано соработник беше професорот Таулант Колоња.

-Судејќи според реакциите на публиката, учениците и нивните ментори, кои се нашата гордост и надеж за иднина, приредија врвно музичко доживување и поставија нови, повисоки квалитетни стандарди што во иднина ќе треба да се надоградуваат, информираат од музичкото училиште.