Skip to main content

one-stop shop

Во завршна фаза е воспоставувањето на едношалтерски систем на Ќафасан

Во завршна фаза е проектот за едношалтерски систем – заеднички контроли на граничниот премин Ќафасан Caftane. Завршија административните формалности започнуваат инфраструктурните зафати. .Идејата започна во 2018 година, а потоколите со Албанија за имплементација на „one-stop shop”беа потпишани во ноември лани.
 |  инфодеск  | 
Ќафасан

Директорите на македонската и албанската Царинска  управа  извршија  увид на граничниот премин Ќафасан, во однос на  воспоставувањето  едношалтерски ситем – заеднички контроли. Проектот е во завршна фаза, граничните формалности  со едно  застанување ќе значат   олеснување на трговијата, транспортот и протокот на патници.

kafasan granicen premin

На Ќафасан е веќе воспоставена приоритетна лента за сите товарни возила од земјите од Отворен Балкан.

„Во моментов во царинската управа во подготовка се проекти за зголемување на бројот на сообраќајни ленти и автоматизација на граничниот премин. Сите овие активности се во насока на побрзо завршување на царинските постапки намалување на трошоците и подобрување на конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар”, истакна Стефан Богоев директор на Царинска Управа на С. Македонија.

Протоколите со Албанија за имплементација на „one-stop shop” на преминот Ќафасан – Caftane беа потпишани во ноември лани.

„Тука сме за еден многу важен проект за едношалтерски систем (one stop shop) кој ќе го подобри животот и бизнисот не само во Северна Македонија и Албанија, туку и во регионот”, истакна директорот на Царинска Управа на Албанија Генти Гажели.

Инфраструктурните зафати се очекува да завршат за неколку месеци и конечно да стартуваат заедничните гранични контроли.

Идејата за воспоставување на one stop shop на граничниот премин ќафасан беше востановена во 2018 година. Завршија сите административни процедури остануваат инфраструктурните зафати.