Водата од градскиот водовод во Струга може да се користи како техничка вода, но за пиење се уште не ги задоволува безбедносните стандарди. Ова се резултатите од денешните анализи, иако е намалена, матноста се уште е над дозволените граници.
Стружани повеќе од две недели немаат безбедна вода, како псоледица на нелегални ископи во близина на извориштето Шум.
-Резултатите денес се од 1,6 до 1,7. 1,5 е нормално, односно 1,5 единици.Водата сега може стружани да ја користат како техничка вода – за капење и одржување на лична хигиена, но сè уште не е за пиење. Нека се стрпат додека целосно не се нормализира состојбата, вели д-р Лидија Симоноска од ЦЈЗ Охрид.
За долгорочно решавање на проблемот потребна е целосна студија за санација на оштетувањата кај извориштето Шум.
– Недозволиво е да имаме нерешена ситуација со оградување на прва заштитна зона недозволиво е да имаме нерешен правен статус и односи во таа заштитна зона бидејки тоа езерце е на водостопанство на Македонија никој не го истражи, вели Мите Стефоски претседател на советот на општина Струга.
-Да се затворат тие дупки со земја, да се исполнат и да се поминат со валјак, односно да се набие земјата. Затоа што ако не е земјата набиена, порозноста е поголема и поголемо ќе биде заматувањето во самиот извор, вели Симоноска.
Загадувањето на водата во Струга е под лупа и на обвинителството, две фирми од Велешта добија забрана за работа, механизацијата била затекната како без дозвола прави ископи во заштитената зона.
Новинар Соња Рилковска