Skip to main content

Водата во Струга не е за пиење поради заматеност, информираат од ЈП „Водовод и канализација“

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните да ја почитуваат препораката и да не ја користат водата за пиење сè до објавување на ново известување.
 |  инфодеск  | 

Водата на територијата на Општина Струга во моментов не е за пиење поради зголемена заматеност, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.

Од претпријатието ги известуваат граѓаните да не ја користат водата за пиење до следното известување. Таа може да се употребува исклучиво за технички потреби.

Според објавените резултати од мерењата, вредностите на заматеноста на водата на повеќе мерни места се движат околу или над дозволената граница од 1,5 НТУ.

Измерените вредности се следни:

  • Општа болница – 1,8 НТУ
  • Макпетрол – 1,64 НТУ
  • Градинка „Сонце“ – 1,62 НТУ
  • Извор „Шум“ – 0,89 НТУ
  • Завод за нефрологија – 1,52 НТУ
  • с. Враништа – 1,89 НТУ
  • с. Белица – 1,42 НТУ

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните да ја почитуваат препораката и да не ја користат водата за пиење сè до објавување на ново известување.