Skip to main content

Водата во езерото исправна!

Водата во Охридското Езеро e од прва и втора класа и е исправна за капење и рекреација.

 |  Крсте Голабовски  | 
ezero
Езеро
ezeroРеките Черава, Коселска, Сатеска и Велгошка остануваат најголемите загадувачи на Охридското Езеро. Според резултатите од физичко-хемиските и микробиолошки испитувања, спроведени од страна на Центарот за јавно здравје од Охрид, квалитетот на водата во Охридското Езеро, пред почетокот на туристичката сезона е од прва и втора класа. Според уредбата за класификацијата на водите пак, вода од прва класа може да се користи за водоснабдување, додека вода од втора класа може да се користи за капење, спорт и рекреација, вели Сашо Точко од Центарот за јавно здравје.

По направената контрола од страна на центарот врз водоводните системи во Охрид, Струга и Дебар, резултатите покажуваат дека водата од трите градски водоводи е здравствено исправна и со добар квалитет. Што се однесува до анализите на водата од  Билјанините извори, тие покажуваат дека станува збор за вода со променлив квалитет, поради присуството на бактерии. Квалитетот на водата од изворот кај Света Петка во Свети Наум и понатаму е лош, а од центарот апелираат да се избегнува користење на водата од оваа локација.

Точко потенцира дека останува проблемот со водата од селските водоводи која е со променлив квалитет, поради нередовното користење на средства за дезинфекција. Квалитетот на водата на шесте јавни градски чешми во Охрид е задоволителен и водата  може да се користи за пиење.
{loadposition content9}