Синоќа во Струга се случи воружен инцидент, заврши со двајца повредени
Вербалната расправија била помеѓу македонци и албанци. Причина за кавгата е неотстапување на првенство на минување во сообраќајот.
bolnica

Вооружена престрелка се случи синоќа околу 23 часот и 30 минути, во центарот на Струга. Инцидентот произлегол од вербалната расправија која преминала во престрелка. Во тепачата инволвирани се четири лица, двајца македонци Г.Р и неговиот брат А.Р од една страна, и двајца албанци, лицата Р.К од село Теферич и Б.Ш од Струга, од друга страна. Твм дознава дека причината за кавгата била неотстапување на првенство на минување во сообраќајот, и тоа на крстосницата пред ресторанот „Т`га за Југ“. Граѓаните кои живеат во овој дел од градот кажуваат дека синоќа слушнале истрели од пиштол но никој од нив не се осмелил да излезе кај местото на настанот. Инцидентот го потврдија од СВР Охрид.
„По кавгата едно од лицата извадило пиштол и пукало во воздух. Неколку куршуми. Огненото оружје му е одземено а лицето, и сите инволвирани во инцидентот се приведени“-кажува Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Расправијата набрзо прераснала во тепачка при што лицето Г.Р со тврд предмет бил удрен во пределот на главата. Поради здобиените повреди од тепачката , во медицинскиот центар во Струга се пренесени лицата Г.Р и Р.К каде им е укажана неопходна медицинска помош.
„Повредите се полесни. На двете лица им се извршени неопходните лекарски преврски и истите се пуштени на домашно лекување“ кажува Д-р Мирко Лекоски, од хирушкото оделение.
На лице место увид извршија Истражен судија, екипи на крим-техника при што на местото на настанот се пронајдени три чаури калибар 9 мили метри. На лицето Р.К му е одземен пиштолот марка „Лугер“ кој го поседувал со соддветна дозвола. Во моментов се превземаат дополнителни мерки за целосно разветлување на случајот.