Skip to main content

Петар Пан долета во Струга

Возбудливата претстава „Петар пан – Големата битка“ утревечер во Струга

Претставата ,,Петар Пан – Големата битка” е закажана за 01.08. (вторник) почеток во 20:30ч. ( кајак кану клуб Дрим Струга)
Петар пан претстава

„Ви се случило ли некогаш да летате на леките крилја на вашите желби и мечти, занесени во некоја возбудлива игра?” Театарската претстава за деца и младинци ,,Петар Пан – Големата битка” ќе ве однесе на едно возбудливо патување кое засекогаш ќе остане врежано во вашите сеќавања.

Претставата е адаптација на сегмент од истиоменото дело на Џејмс Метју Бари и на многу интересен, хумористичен и автентичен начин како наративно, така и визуелно ја прикажува битката помеѓу бандата на добро познатиот капетан Кука од една страна и Петар Пан со Венди, Џон и Мајкл од друга страна. 

Пристапот кон претставата е невообичаен, впрочем се одвива во природа користејќи ги нејзините бенефити за сценографски решенија. Така претставата делумно се одвива на копно во шумест предел, дел на вода и дел непосредно пред самата публика. Креативниот тим е спој на уметници од Струга, Куманово и Прилеп кои се задолжени за магичната атмосфера под струшкото небо кај добро познатото место на стружани ,,Кајакарсконо”.

Дружењето во живо со Петар Пан, Венди, Капетан Кука, гусарите, индијанците и целата Недојдија долетаа во Струга. Затоа не пропуштајте ја шансата да полетате во магичниот свет на Петар Пан, па дури и на еден час!“ – порачуваат организаторите.

Актерскиот тим го сочинуваат: Ѓорѓи Крстески, Дарко Карбески, Мишо Димитриjевски, Чедомир Митевски, Виолета Лазароска Куцуловска, Иларија Гулеска, Андреј Мандоски, Александар Мандоски, Милко Нестороски, Викторија Попоска, Евгенија Узунова, а останатиот авторски и организациски тим: Горазд Колоски, избор на музика и микс; Билјана Гулеска, костимограф и сценограф; Милко Нестороски, Бојан Секулоски, Викторија Попоска, сценографија. Организатор на претставата е Дејан Зозоски.

Претставата е во соработка со НУЦК ,, Браќа Миладиновци”, Струга и Кајакарски клуб Црн Дрим, Струга.

Претставта е закажана за 01.08. (вторник) почеток во 20:30ч. ( кајак кану клуб Дрим Струга)

Билетите се по 300 ден. во Кингстон и Барабар.