Вработени во Општина Струга сведочеа дека набавката на аудито на Мерко била законска

Со сослушување сведоци, вработени до општина Струга, а обезбедени со полициска асистенција, продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6″, вреден 66 илјади евра и уште три други возила.

Сведочеше претседателот на Комисијата за набавки и внуката на Мерко, која била член на Комисијата. Тврдеа дека во целост била испочитувана процедурата за набавка на возилата за што била донесена и одлука на Советот на општината. Немаа одговор зошто се избрало толку скапо луксузно возило. Сведок беше и поранешна вработена во Државен завод за ревизија.
„Во ноември 2017 година на барање на општина Струга претседателот на Основниот суд Струга го зголемил месечниот лимит неопходен за функционирање на општината на 50.425 000 денари, што на годишно ниво износот бил поголем од Буџетот на Општината. Со ваквото законско решение се овозможува Општината непречено да функционира, да презема нови обврски, при што се зголемува долгот по основ на камати, а со тоа се придонесува за зголемување на финансиската нестабилност на Општината”, стои во Извештајот на Државна ревизија.

Исцрпени се вербалните, изведени се и материјалните докази , на следното рочиште ќе следат завршните зборови, рече судијата Јордан Јованов.
„Во текот на месец јуни ние се договоривме дека тогаш ќе ја дава одбраната обвинетиот ако биде потребно краток период за завршни збопрови би се дала можеби една ендела меѓутоа во тек на месец јуни ќе имаме завршница. При донесување на одлуката ќе бидат земени предвид сите искази и сите материјални докази”, кажа судијата Јордан Јованов.
Во Основниот суд во Струга против Мерко денес има и рочиште за поставувањето на спомен-плочата на Општинската зграда испишана само на Албански јазик со која се величи фашистичката окупација на градот.
Новинар Соња Рилковска