Вработените од Здравствен дом – Струга, се жалат на мобинг од страна на директорката
Превирања во Здравствен дом – Струга. Персоналот од оваа јавна установа се жали дека директорката им врши мобинг. Доктор Миљот Ризвани јавно проговори за директните закани од страна на директорката. Тој раскажува дека Попоска се однесувала како газда на здравствениот дом. Им се заканувала со отказни решенија и нови казни во платите, и покрај тоа што, како што велат, платите веќе им биле намалени и до 20 %.
здравствен дом Струга

„Во Здравствениот дом се нарушени правата на работникот и правата на самиот човек.Можам да кажам дека кај нас се врши директен мобинг, психолошко и физичко малтретирање од страна на директорката.Поради тоа што има малку лекари не тера да работиме секој месец од 10 до 50 часа без хонорари.Работиме и надвор од здравствениот дом а .ништо не ни е платено“, вели Миљот Ризвани, доктор од Брза помош – Струга.
Ризвани уште додава дека вработените не се чувствуваат ни безбедно на своето работно место. Тој вели дека и покрај тоа што ја имале известено директорката за неколку случаи на инциденти, таа одбивала да изнајми обезбедување кое во ноќните часови ќе ги штити.
Директорката Попоска категорично ги отфрла сите обвинувања упатени на нејзина адреса.
Попоска ги отфрла и обвинувањата дека вработените немаат услови за работа. Тврдењата дека располагаат со стар возен парк ги побива, со тоа што кажува дека доколку возилата се стари, нема да може да се регистрираат. Додава дека покрај овие возила, здравствениот дом располага и со две комбиња, едно возило американска донација со комплетна опрема и џип за патронажните служби.
Обвинувањата пак дека основните апарати како што се дефибрилатор и ехг не работат, Попоска ги демантира и вели дека откако таа дошла на чело на здравствениот дом кулила два апарати екаге, од кои едниот бил мобилен, а другиот статичен во домот и дека и двата се во функција. За намалувањето на платите Попоска вели дека здравтсвениот дом го почитува колективниот договор.
„ Дека има мобинг е тешко обвинување било кој да го изговори, за тоа треба докази. Зарем е мобинг ако менаџерот го викни и му речи корегирај се во своето однесување. Постои закон, постои колективен договор по кој се вработени вработените. Јас кога ја прифатив организацијата тие не знаеја ни кој каде припаѓа, колку плата зема. решенија се според работните места. Мое е да г почитуван колективниот договор , затоа што при непочитување на колетивниот договор здравтевниот дом наследи такви долгови од кои не можевме две години да излеземе“, вели Попоска.
Попоска е категорична дека дисциплина во здравството мора да постои, бидејќи секунда спасува живот. Персоналот пак во здравствениот дом категоричен, дека доволно молчеле и дека своите права по објавувањето во медиумите ќе си ги бараат и во сите надлежни институции.

{loadposition content9}