Вработувања, вработувања…
Од 4-те сектори во Локалната Самоуправа, двa предвидени се за членови на ВМРО ДПМНЕ.
Заврши конкурсот за вработување во општината. Нашиот коалиционен партнер се придржува на ветувањето.
Партиски членови ќе се поставуваат на раководни функции во Општина Струга. Конкурсот за вработување во 4-те сектори во Локалната самоуправа заврши пред два дена, дознава ТВМ. Во истиот е предвидено 2 работни места на раководители да бидат наменети за вмроовците, неофицијално дознава ТВМ. Новите вработени во Локалната самоуправа ќе бидат Вишња Дурацоска и Перо Дејкоски, долгогодишни членови на ВРО ДПМНЕ. Високи партиски извори не информираа дека Дурацоска ќе биде поставена на раководната функција на Секторот за Образование, на местото од актуелниот челник Џејми Хајредини, додека на Дејкоски ќе му припадне Секторот за градежништово и урбанизам. Неофицијално до дефинитивното назначување на овие функции треба да има уште преговарања помеѓу градоначалникот Рамиз Мерко и општинското раководство на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи како што дознаваме ставовите на едните и другите не можеле да се усогласат за функцијата на Секторот за образование.
Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека од негова страна досега се е испочитувано од договорот со ВМро дпмне.
Инаку, меѓу првично договорените места помеѓу коалиционите партнери спаѓаат; директорското место на Петко Кутаноски во ЈП.Комунално, како и она во „Нико Нестор“ со кое раководи Никола Затуроски.
„Ние полека но сигурно ги добиваме ветените раководни места, иако тоа се одвива многу бавно, вели претседателот на Вмро Дпмне“-вели, претседателот на ОК, Славко Котески. Ние го исполнивме главниот договор и гласавме, претседател на совет да биде член од ДУИ, Џеваир Беќчири, сега на ред е нашиот коалиционен партнер, вели Котески.
Веруваме во потешкотиите со кои се соочува градоначалникот Мерко но нашата партија бара да си го добие она што ни е ветено, вели Котески. Ние и понатаму ќе настојуваме да се испочитува договорот, додаде тој.
{loadposition content9}