Се враќа сјајот на СВП
Струга отсекогаш живеела во знакот на СВП. Главна заложба на новиот директор Мите Стефоски, стружанец по потекло, е да го врати некогашниот сјај на оваа светски реномирана престижна манифестација.
Фестивалот СВП да се оддржи на достојно ниво. На тоа во иднина ќе работи новоназначениот директор на овој фестивал Мите Стефоски, мотивиран од потребата на книжевниците и љубителите на пишаниот збор, на кои всушност и им служи овој фестивал. Останаа два месеци до почетокот на СВП, и годинава нема да има некои позначајни измени, вели Стефоски. Но за два дена од неговото назначување тој веќе крои планови за реосмислување на фестивалот до година.
„ Идејата ми беше да направам еден концепт на фестивалот за 21 век. Знаете има некои фестивалски содржини, кои се белези на тој фестивал, кои секако неможат да бидат променети ниту ќе настојувам да бидам радикален да биде загрозено тоа што е белег на фестивалот, туку може да биде реосмислени и спакувано сосема поинаку да постои еден нов начин на организација на самиот фестивал и на неговиот формат и лик“-вели Стефоски.
Стефоски има наплив на идеи се со цел фестивалот да добие уште поголемо значење, кое ќе се носи со стандардите на едно модерно време. Тој сака СВП да имаат достојна веб страна преку која ќе одат во живо сите значајни случувања и истите да бидат следени насекаде во светот. Стефоски пред себе држи амбициозна програма, но за тоа потребни се финансии. А тука веќе проблемот е хроничен. Финансиите за фестивалот се деловна тајна, истакна Стефоски и додаде дека сеуште во добар дел ќе се потпираат на верните спонзори.
„Фестивалот, како и сите ние живееме во една финансиска криза секако дека има потешкотии има и наследени проблеми меѓутоа верувам дека ќе се изнајде начин јас верувам и во потикот и од самото министерство кои несебично го поддржаа враќањето на директоратот во Струга“.
Подготовките за 51 то издание на СВП засега одат добро и се е во знакот на предфестивалските активности, вели Стефоски. Инаку годинава своето присуство на оваа реномирана манифестација го имаат потврдено 60 домашни и исто толку и странски гости. Мите Стефоски е книжевник и по потекло од Струга па така, после Јован Стрезоски, повторно стружанец ќе го води кормилото на овој врвен светски познат фестивал.
{loadposition content9}