Skip to main content

Ќе се вратат ли холандските туристи?

Холандските туроператори и новинари во посета на Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
sredba so holanski tur operatori
средба со холандски тур оператори

sredba so holanski tur operatoriПреку средба со македонските хотелиери и туроператори ќе се запознаат со македонската туристичка понуда и ќе се обидат да им ја приближат на потенцијалните туристи од Холандија. Оптимизмот присутен и кај двете страни.

Обид да се вратат холандските туристи во Охрид. Во Охрид се одржа неформална средба помеѓу преставници на холандските туроператори и македонските хотелиери и агенциски работници. Директорот на агенцијата за промоција и развој на туризмот, Зоран Стрезоски изјави дека средбата е резултат на македонската промоција и презентација на саемот во Утрехт, Холандија, кога истата наченлно  била договорена. Претставниците од Холандија ќе имаат можност подетално да се запознаат со македонската туристичкат понуда.

@ Value, незавсната компанија привлечена од страна на „Каратанов Турс“, ќе го координира чартер летот од 186 седишта неделно, од Амстердам за Скопје и Охрид заедно со холандските тур оператори и патничките агенции. Претставникот на @ Value, координаторот Денис Спан, верува во успешноста на на чартер летот, а првите позитивни резултати ги очекува наредната година.

Тој изјави дека, „целиме кон успех во 2011 година. Мора да се инвестира оваа година за да се донесат туристи во Македонија и македонците да ја посетат Холандија. Цел е следната година да се отвори уште еден чартер лет и со тоа да се заокружи бројот од 10.000 туристи.“

Холандско-македонскиот туроператор „Каратанов турс“ најавува дека кон Охрид чартер лет ќе има во главната туристичка сезона, а во останиот дел  од годината, само кон Скопје. Првиот чартер лет ќе биде на 29 април годинава. Холандските туристи  ќе пристигнуваат со директни чартер летови на „Трансавиа“, ќерка на холандскиот национален превозник „КЛМ“, од Амстердам за Скопје и Охрид.  Доколку интересот ги оправда очекувањата од „КЛМ“ може да се очекува и директна авио линија кон Македонија.


„Љубовта на холанѓаните кон Македонија е голема. Станува збор за некоја чудна носталгија и љубопитност“, истакнува Васко Коцинов.

Холандската амбасадорка на кралството Холандија во Македонија, Симеоне Филипини во целсто ја подржува оваа иницијатива. Таа е голем оптимист и верува дека холандските и македонските туроператори ќе воспостават успешни бизнис релации.

Новинарите и туроператорите од Холандија кои се во тридневна посета на Македонија, се сретнаа со македонските туроператори со цел да се запознаат со туристичките потенцијали, природните убавини и можностите за одмор што се нудат. Бројката на холандски туристи за ланската година е поразителна. Само 5 илјади ја посетиле Македонија. За споредба, пред дваесет години оваа бројка била околу 40.000. Очекувањата кај холандските туроператори реални. Ако минатогодишниот број од 5000 туристи се удвои догодина, тоа би било успех.


{loadposition content9}