Skip to main content

Време е да го вратиме достоинството на Струга

Време е да го вратиме достоинството на Струга, од овој град да направиме туристичка метропола. Со ваша подршака ќе го реализираме тоа, истакна кандидатот за градоначалник на Струга, Славко Котески на синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Време е да го вратиме достоинството на Струга, од овој град да направиме туристичка метропола. Со ваша подршака ќе го реализираме тоа, истакна кандидатот за градоначалник на Струга, Славко Котески на синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ.

Претседателскиот кандидат рече дека сега е вистински момент да ја подржиме Македонија да продолжи по вистинскиот пат за влез во ЕУ.

Овие избори се голема шанса за Струга. Некогаш Струга зависеше од СДСМ и од нивните и одлуките на претседателот на оваа партија, а  денес зависи од гласот на стружани. Сега е вистинскиот момент да го вратиме достоинството на градот а тоа ќе го направите доколку гласате за кандидатот за градоначалник од оваа партија, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, на синоќешниот митинг во Струга. Никола Груевски пред симпатизерите и членовите од оваа партија наброја многу причини, зошто стружани треба да му ја дадат довербата на Славко Котески.

Nikola GruevskiКандидатот за градоначалник на Струга, Славко Котевски, уште еднаш потенцира дека во неговата програма се предвидуваат 12 приоритети кои би допринеле  Струга повторно да  стане препознатлив туристички бренд. Само со макотрпна работа и ваша подршка може да се успее и да се релизира се она што досега сум го ветил, истакна Котески.

На синоќешниот митинг во Струга беше претставен и кандидатот за претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов. Тој кажа дека тоа што е чесен искрен и вреден, го натерало да се бори за оваа функција. Рече дека Македониај е на добар пат за влез во ЕУ и ја има подршката,  од како што рече, пријателите од странските земји.

За да се остварат визиите за подобра Струга и Македонија, кандидатите ги повикаа присутните на 22 март масовно да излезат на гласање. Оние кои не биле партиски определени  сега е вистински момент да се определат засебе, беше истакната но синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ  во Струга.

 

 

 

 

 

{loadposition content9}