Врвна организација, стил, елеганција-Импакт Груп ја освојува и Струга
Добро познатата компанија за организирање на свечености „Импакт Груп“ со своите прекрасни декорации и организациони способности, ја прошири својата дејност и во соседна Струга.
Фантазијата, идејата, инспирацијата во својата најелегантна форма, пристигнаа и во Струга. Виновници за тоа се луѓето од познатата компанија за организирање на свечености „Импакт Груп“ од Охрид.
Компанијата која веќе 5 години успешно работи во нашиот град и веќе 5 години создава свечености на кои луѓето со радост се сеќаваат, ја прошири својата дејност и во соседна Струга.
Од најмалиот детал, до организирање на целокупното свечено искуство, големата ангажираност во Охрид, сега ќе ја пренесат и во Струга.
„Тоа не наведе да отвориме уште една подружница во Струга. Клиентелата тука обично е од странство така да наместо тие да доаѓаат кај нас, ете ние дојдовме кај нив, да сме поблиску до нив, но исто тоа не наведува да најверојатно натака се прошириме и во други градови низ Македонија, затоа што веќе работиме низ цела Македонија, луѓето не викаат насекаде да им организираме, декорираме.“-рече Фарко Ајруш-сопственик на Импакт Груп.
Нивната успешна приказна подолго време се развива и продлабочува во Охрид. Досега организирале голем број свечености, велат дека не се премногу, но дека се со највисок можен квалитет.
„Имаме доста свечености и свадби кои сме ги организирале и баш тие свечености нас не натераа и мотивираа понатака да продолжиме уште повеќе што значи дека секоја свадба, секоја свеченост е за нас како да е прва и како да е нешто специјално. Ние го доживуваме тоа заедно со младите, со сета емоција, заедно со нив, заедно постапуваме, ги исполнуваме нивните желби. Секогаш сме тука за многу идеи, за нив да им биде прекрасна таа свеченост.“-вели Индира Ајруш-сопственик на Импакт Груп.
Индира вели дека кај луѓето обично преовладува мислењето дека Импакт Груп е некоја цвеќара или дека печати покани, но вели дека тие се компанија која нуди цел еден пакет на услуги.
„Од самиот почеток, од планирањето како треба да е една свадба или една свеченост, кај нас муштериите го наоѓаат тоа. Нема потреба од збунување и размислување, сите идеи и сите желби можат да се исполнат преку нас. Од покана, од планирање на самата свеченост, од наоѓање на музика, на фотографи и други потреби што одат со тоа. Ако некој сака повеќе од тоа, тука сме да помогнеме, да дадеме идеја, но не и да сугерираме.“-рече Индира.
Инаку Импакт Груп е воедно и првата компанија во овој дел од земјата што се занимава со овој бизнис. Па, ги запрашав како во тие свои почетоци успеваа да се справат со балканскиот менталитет и паролата „Не сакам никој да ми се меша во мојата свеченост.“
„Кога почнавме, имавме малку проблеми да речема околу тоа, но луѓето видоа дека нашето присуство во самата свеченост е многу олеснително за нив. Така што и самите тие се чувствуваат како гости на својата свеченост. Доаѓаат и си одат расположени без ниедна грешка. И да има, тие се прикриваат, затоа сме и професионалци од таа страна.“-вели Фарко.
И Фарко и Индира, согласни дека секоја свеченост која досега ја организирале била посебна и специфична, па невозможно е да ја изберат најубавата. Тие ја очекуваат својата 100та организирана свеченост за која се сигурни дека ќе биде нешто посебно. Воедно отворањето на дуќанот во Струга се поклопи со јубилејот од петтиот роденден на Импакт Груп. Им пожелуваме уште многу успеси, и многу нови свечености.
{loadposition content9}