Skip to main content

Судство

Втор ден протести на судската администрација

Велат, со последното зголемување на платите на судиите, уште повеќе се продлабочил јазот. Најниската плата, им е 21 580 денари.
 |  инфодеск  | 
администрација суд

Судската администрација при Основниот суд Струга втор ден на пртоест. Педесеттината вработени не примаат странси, и не работат од 8 до 11 часот. Се жалат, со последното зголемување на платите на судиите, уште повеќе се продлабочил јазот. Административците земаат петкратно помали плати од судиите, најниската е на ниво на минималната плата, а просечната е под просекот во земјава.

Велат, службениците се револтирани и демотивирани. Со ниските плати не можат да врзат крај со крај.

„Ние протестираме затоа што не ни даваат зголемување на платите бараме 78% од минималната плата и да ни се дадат додатоците од платата 30%. Протестираме од 09 до 11 часот секој ден. Не примаме странски се одлагаат судењата“ , вели – Зикрије Алими Лена претседател на Подружницата Основен суд Струга.

Најниската плата која ја добиваат вработените во судската администрација е 21 580 денари.

„Ние администрацијата во споредба со судиите, судиите земаат 1 спрема пет повисока плата од нас. 0304Ние заслужуваме да ни се даде повеќе затоа што ако не сработи судската администрација како што треба нема да работат ниту судиите, бидејќи целата работа започнува токму од администрацијата”,- додава Лена.

Судскиот буџетски совет првично ветил поддршка за барањето за зголемување на платите на судската служба, односно додатоци на плати не помали од 25 %, но подоцна се иззеле со образложение дека нема пари. Од Судската администрација велат нема да се откажат од своите барања.

Новинар Соња Рилковска