„Yahya Kemal Junior“- од учебна 2009-2010 година
Основното училиште ќе функционира со две паралелки.
![logo](/wp-content/themes/yootheme/cache/8c/struga_2009_maj_jaheja_kemal_2-8c8c7430.jpeg?x28309)
лого
Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ се проширува. Од новата учебна година, во склоп на истото ќе функционира и основно учеилиште, односно деветтолетка.
Министерството за образование и наука пред една недела позитивно одговори на барањето за отварање основно приватно училиште. За почеток е предвидено да работат само две паралелки, со по 20 ученици, на мекедонски и албански наставен јазик. „Има голем интерес од страна на родителите за да ги запишат своите деца, велат од „Јахја Кемал“. Затоа и се одлучивме да отвориме основно училиште“-истакна Јусуф Шахин, директор на ПСУ „Јахја Кемал“.
Секоја приватна иницијатива во општеството е добредојдена, посебно инвестициите во образованието, вели раководителот на овој сектор при општина Струга. Отварањето на приватно основно училиште е голем предизвик за останатите во регионот, додаде раководителот, Џејми Хајредини.
Инаку, уписите за запишување на децата се во тек.
За прво оделение ќе можат да аплицираат децата со полни 6 години, но и оние кои се родени до крајот на 2003 години или јануар месец 2004.
Школарината за прво одделение изнесува 1 250 евра, додека за родителите кои своите децат ќе ги запишат додека траат уписите, односно до крајот на овој месец, имаат попуст од 250 евра, информираат од „Јахја Кемал“.
![Јахја Кемал Yahja Kemal](https://tvmohrid.com/wp-content/uploads/2009/05/struga_2009_maj_jaheja_kemal_1.jpg)
Секоја приватна иницијатива во општеството е добредојдена, посебно инвестициите во образованието, вели раководителот на овој сектор при општина Струга. Отварањето на приватно основно училиште е голем предизвик за останатите во регионот, додаде раководителот, Џејми Хајредини.
Инаку, уписите за запишување на децата се во тек.
За прво оделение ќе можат да аплицираат децата со полни 6 години, но и оние кои се родени до крајот на 2003 години или јануар месец 2004.
Школарината за прво одделение изнесува 1 250 евра, додека за родителите кои своите децат ќе ги запишат додека траат уписите, односно до крајот на овој месец, имаат попуст од 250 евра, информираат од „Јахја Кемал“.
{loadposition content9}