Skip to main content

МВР

За половина час во две одделни контроли пронајдена бела материја во Струга и уапсени две лица

По целосно документирање на настаните ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
 |  инфодеск  | 
Овр Струга

На 17.04.2024 во 19.30 часот на улица „Кузман Јосифоски Питу” во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишиле од слобода 49 годишно лице од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Истиот ден, во 19.00 часот на улица „Партизански бригади” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 49 годишно лице од Струга, а на службен разговор бил повикан 51 годишен ресенчанец. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувало лицето од Ресен, стружанецот се обидел да фрли кесичка со бела прашкаста материја, информираат од МВР. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.