За рекордно време ќе се гради дрвениот мост во Струга
До крај на месец ноември годинава ќе се изгради дрвениот мост во Струга. Тое е наша обврска кон граѓаните, вели струшкиот градоначалник Зијадин Села. И не само, тоа ќе се санира и делот каде што пропадна коритото на реката Црн Дрим, а ќе се изведат зафати и за реконструкција на оградите и од останатите три моста како и шеталиштата, така што ќе се добие едно убаво средено градско јадро.
Познатиот струшки приватен инвеститор Менди Ќура, сопственикот на градежната компанија „Трим и Љум“ ќе донира 150 000 евра за изградба на дрвениот мост во Струга. Станува збор за мостот во централното градско подрачје кој пред пет години беше демонтиран поради безбедносни причини. Овој гест е за пофалба, но и доказ дека во градот на мостовите ќе се гради и инвестира и нема да се дозволи Струга да биде да биде заложник на актуелната политика, бидејќи имаме одговорност пред граѓаните, истакна градоначалникот Зијадин Села на денешната прес конференција.
„ За крај ќе имаме едно добро уредено централно подрачје. Минатата година се направи шеталиштето покрај кејот, оваа година ќе биде направено и долу, ќе има нови плочки и на западната страна и преземаме мерки за да го средиме и делот на дримот каде што се паднати камењата иако морам да спомнам дека тоа не е наша надлежност“ – вели Села.
Проектот кој ќе го реализираме со општина Струга е од јавен интерес вели Менди Ќура. Додава дека повеќе компании го градат мостот и е 100% инвестиција на нивната компанија во координација со градоначалникот на општина Струга.
„Се решив да го изградам овој мост бидејќи мислам дека е од особена важност за градот. Мислам дека овој проект почна да се гради веќе шест месеци и ќе биде изграден до крајот на ноември во рекордно време“ .
Мостот ќе биде ист како предходниот, ќе му го вратиме убавиот лик, вели Ќура. Додавајќи дека ќе има мали промени во делови каде што е неопходно, посебно бочните страни ќе бидат зајакнати со железо. Инаку проценките на Ќура се дека зафатите кој ќе ги прават за уредување на двата кеја на Црн Дрим ќе го чинат околу 150 000 евра.