Skip to main content

СВР Охрид

Загина 21-годишник на патот Струга-Дебар

Момчето изгубило контрола и излетало од коловозот на влезот од Велешта.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

На 14.05.2023 околу 00.50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во селото Велешта, А.О.(21) од истото село, управувајќи патничко возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга.

Увид извршија Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.