На 28.12.2023 во 16.00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 56 годишна жена од истото село.
„При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства.“ – информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.