Започна предновогодишната декорација на Струга
Граѓаните речиси и не ги забележаа поставените елементи. Од општина Струга велат, скромно, но убаво за очите.
Граѓаните речиси и не ги забележаа поставените елементи. Од општина Струга велат, скромно, но убаво за очите.
Започна новогодишното украсување на Струга. Веќе неколку дена интензивно се поставуваат новогодишните реквизити. Како што беше најавено декорација се прави исклучиво во центарот на градот. Граѓаните речиси и да не забележаа дека се превземаат некакви предновогодишни ангажмани.
Од спроведената анкета по градот мозинството од граѓаните рекоа дека очекувале не забележеле оти градот е украсен.Иако речиси декорацијата е при крај и новогодишни украси се поставени на предвидените места сепак тоа е малку очигледно. Реквизитите кои надвиснуваат над струшката чаршија се толку големи што ниту објективот на нашата камера не можеше да ги регистрира.
Од локалната самоуправа велат дека градот е декориран онолку колку што дозволува општинскиот буџет, додадоа дека ке биде скромно но убаво за очите.
Стружани јавно велат дека очекувале многу поубава и невоочичаена декорација на градот, но нивните очекувања не се исполнија. Инаку советот на општина Струга ја донесе програмата за украсување на градот со светлечки елементи во која јасно стои дека од општинскиот буџет за оваа намена се додека за декорација 36 илјади денари.
{loadposition content9}