Skip to main content

Започна реконструкција патoт Струга-Дебар

Редно беше по 40 години да се инвестира во инфраструктурата, велат жителите на село Луково.

 |  Билјана Колоска  | 
Nikola Gruevski
Никола Груевски
Започнаа градежните зафати за реконструкција на регионалниот пат Струга-Дебар. Овој патен правец е од големо значење, бидејќи претставува единствена врска помеѓу двата града, но е и од исклучително значење за граѓаните кои гравитираат во овој регион. Жителите на село Луково сега можат да здивнат, еден проблем веќе ќе им биде решен.

„40 години воопшто не е инвестирано во инфраструктурата. Досга, од село Луково до Струга патувавме речиси по еден час, иако може и многу побрзо да се стигне до градот“-вели Славе Милески, жител на С.Луково.

sveceno pushtanjeСо реконструкцијата е предвидено поставување на нов асвалт во должина на 24 километри. За таа намена од државниот буџет се предвидени 202,5 милиони денари или 3,3 милиони евра. Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат за половина година, најави премиерот,
Никола Груевски, кој присуствуваше на осветување на локацијата каде започнаа зафатите. Оштетеноста на коловозот беше главна причина за отежнет сообраќај и потенцијална опасност за граѓаните, искатка Груевски. Тој ја потенцира важноста од реализирањето на овој проект. Како што рече, со реконструкцијата на четирите делници од овој патен правец ќе се решат децениски проблеми на граѓаните.

Со реконструкцијата на патниот правец Струга-Дебар продолжува реализацијата на „Проектот за реконструкција и рехабилитација“ на 11 регионални патни правци. На седум од нив, веќе се започнати градежните зафати, а во иднина ќе се превземат активности и на другите патишта предвидени со овој проект.

Многу новинарски прашања денес останаа не одговорени, премиерот освен на оваа тема не сакаше да дискутира за ништо друго.
Инаку на денешната свеченост, покрај многуте присутни беше и  градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

 


{loadposition content9}