Започна седмото издание на „Drim Short Festival” во Струга
Под мотото „Неопходна убавина” почнува седмото издание на фестивалот на краток филм Drim Short Festival во Струга. Оваа година под струшкото небо ќе бидат прикажани триесет и пет кратки филмски остварувања од светот.
Програмата ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки и ревијални категории, но и специјална програма насловена „MK Special” за промоција на македонскиот филм и младите македонски автори.
„Компетитивниот карактер значи дека избираме најдобар филм во секоја програма, освен тоа доделуваме, односно публиката доделува награда за најдобриот филм во програмата mk specials”, вели Лидија Мојсовска режисер и организатор.
Фестивалот ќе биде домаќин на работилница за краток филм „Fund Ready”, како дел од балканската мрежа на фестивали на кои че преваат врвни светски режисери.
„Годинава многу важен сегмент од програмата е дополнителната програма која што е надополнета со мастер класовите со иранскиот режисер Алијаш Гари кој што ќе се случи на 16 ти август во 17:30ч. Исто така имаме и работилница која што е дел од баканската филмска мрежа која што ја основавме минатата година”, додава Мојсовска.
Во соработка со еклошките здруженија, годинава ќе има ревијална програма на филмови, чија главна тема е екологијата и заштитата на животната средина.
Новинар Соња Рилковска