Skip to main content

Општина Струга

Започна уредување на шеталиштето на Црн Дрим од десната страна на течението

Од Општина Струга апелираат до граѓаните кои се движат по шеталиштето да бидат внимателни додека траат градежните работи.
 |  инфодеск  | 
Шеталиште Струга

Денес почнаа работите за санирање на шеталиштето кај Црн Дрим од десната страна на течението, со многу поквалитетни камени плочки од досегашните кои се во лоша состојба.

„Проектот има за цел да ја подобри состојбата за сите пешаци кои слободно и безбедно ќе се движат во овој дел, за локалното население и за туристите. Работите ќе продолжат со побрзо темпо, бидејќи во Струга во претстојниот период ќе се одржат повеќе форуми и слични настани од меѓународен карактер.“– велат од Општина Струга.

На еден дел од ова шеталиште општината ќе воведе одреден временски режим, односно снабдување на бизнисите со стока, во одреден период во утринските часови, додека во текот на денот и навечер тој дел ќе биде слободен за сите пешаци.

„Нема да се гради пат за возила како што било порано, ниту еден од бизнисите лоцирани на булеварот нема да биде засегнат и терасите пред нив ќе останат такви какви што се, уредени со новите камени плочки што ќе се постават. Делот од шеталиштето што ќе биде уреден за снабдување со стоки ќе се контролира за влез и излез преку електронска бариера, на страната на реката Црни Дрим, објаснуваат од струшката локална самоуправа.

Оттаму апелираат до граѓаните кои се движат по овој булевар да бидат внимателни додека траат градежните работи.