Skip to main content

Центар за култура Браќа Миладиновци“ Струга

Започнуваат „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2023

Најавена е промоција на трите тома од книгата ,,Мојата Струга” од Наум Бајо и ќе бидат доделени наградите „ПЕТКОВИОТ АМАНЕТ” за 2023.
 |  инфодеск  | 
Центар за култура

Вечерва во Центарот за култура Браќа Миладиновци“ Струга, во голема сала со почеток во 18:00 ч. ќе се одржат „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2023, една од најстарите книжевни манифестациии во земјава од меѓународен карактер.

Поздравно обраќање на отворањето на манифестацијата „Струшки книжевни средби” ќе има професор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Најавена е промоција на трите тома од книгата ,,Мојата Струга” од Наум Бајо. Промотор е Димче Шипинкаровски, а модератор: Верица Мукоска. Промоцијата ќе биде збогатена со сценски изведби – Студио за танц ,, Бах” Струга и пијано изведба на Кристијан Миладинов.

Ќе бидат доделени наградите „ПЕТКОВИОТ АМАНЕТ” за 2023 и тоа: Награда за ,,Животно дело” – Мишо Китаноски, Награда за Автор на годината” на Македонска Поетска Ризница – Дарко Лешоски, Награда за ,,Млад автор на годината”- Емилија Карафилоска, Награда за „Посебни книжевни достигнувања од странство” – Лабуд н Лончар.

Во недела (08.10.2023) во Црква Свети Никола – Вевчани, на Вевчанските извори ќе се одржи Поетски хепенинг на кој ќе настапат учесниците на манифестацијата „СКС“.